Background

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека не планира да се меша во работата на јавните обвинители во конкретни предмети, туку дека секој обвинител тоа треба да го прави независно, без воопшто да чувствува притисок од него или од кој било друг претпоставен

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека не планира да се меша во работата на јавните обвинители во конкретни предмети, туку дека секој обвинител тоа треба да го прави независно, без воопшто да чувствува притисок од него или од кој било друг претпоставен.

Тој потсетува дека во Обвинителството владее систем на хиерархија и субординација, но вели дека неговата намера е тоа да биде релативизирано до степен што секој јавен обвинител одлучува независно и самостојно, а одлуките произлегуваат од ефикасно спроведени истраги базирани на докази.

– Секако, и презентирање на доказите пред судот на соодветен професионален ефикасен начин, за секој присутен во судница, вклучително и спротивната странка, одбраната односно обвинетите, обвинетиот, да имаат пред себе видливост дека Јавното обвинителство располага со доволно докази и дека поднело основано обвинение – рече Савески во интервју за „360 степени“.

- Advertisement -
Ad image

Во врска со случајот со Кочани и јавните дилеми за пристапот на обвинителството во големиот предмет, каде што беше одлучено сите обвинети да се гонат за едно кривично дело и иста последица, дури и оние кои биле на функции пред 13 години, како и за прашањето зошто ако во големиот предмет е избран таков пристап, во другите кои се однесуваат на полицијата, теоријата на случај е различна, Савески вели дека тој нема конкретен увид што е наведено во обвинението и дека во најскоро време ќе се види со предметните обвинители.

– Ќе имам средба со јавните обвинители коишто постапуваат во конкретниот предмет да се запознаам со состојбите. Имајќи предвид дека предметот е во доказна постапка, рана доказна постапка, можеби е добро да дојде фаза од постапката којашто е позрела за да може соодветно да се согледаат состојбите во предметот и да дадам свој став – изјави Савески.

На прашање дали обвинителството може да го преквалификува делото, Савески рече оти јавниот обвинител е тој што може да ја менува правната квалификација до завршувањето на постапката и оти во секој момент може да интервенира во обвинението и да направи измени или правна преквалификација која би била резултат на нешто што се случило во судницата, а произлегло во текот на доказната постапка.

На прашање дали ги слушнал дилемите во јавноста за предметот, Савески одговори:

– Да, секако, како и секој граѓанин, не може да не ги следиме состојбите околу овој предмет. Јас и претходно спомнав, во нашата професија важи правилото – емоциите настрана, меѓутоа мислам дека ова е единствениот предмет каде што тоа не може така апсолутно да се примени, затоа што сите сме, на крајот на краиштата, луѓе, родители – рече државниот обвинител.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation