Топ Вести - Слушај сега
Доналд Трамп се закани со директни напади врз иранската енергетска инфраструктура, поставувајќи ултиматум до Иран да ја отвори Ормуската Теснина во рок од 48 часа.
Американскиот претседател доцна синоќа преку социјалните мрежи порача дека доколку Техеран не овозможи слободен и безбеден поморски сообраќај, САД ќе започнат напади врз електраните.
„Доколку Иран не ја отвори целосно, без закани, Ормуската Теснина во рок од 48 часа, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи од најголемата“, напиша Трамп.
Заканата доаѓа само еден ден откако тој најави можен „постепен крај“ на американските операции на Блискиот Исток, што дополнително ја зголеми неизвесноста околу американската стратегија во регионот.
Ормуската Теснина е клучен енергетски коридор низ кој поминува околу една петтина од светските испораки на нафта и течен природен гас. Поради безбедносните ризици, голем број бродови веќе ја избегнуваат рутата, што предизвикува сериозни потреси на глобалните пазари.
Затворањето на теснината во изминатите денови доведе до раст на цените на енергенсите во Европа за дури 35 проценти.
Во меѓувреме, конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително ескалира. Иран испука балистички ракети кон американско-британската база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан, но според првичните информации, не ја погодил целта.
Информацијата претходно ја објави „Волстрит Журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Паралелно, во нов бран напади, ирански ракети погодија цели во јужен Израел, меѓу кои и градовите Димона и Арад. Според првичните податоци, има жртви и најмалку 100 повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
