Background

ГО ИЗНЕНАДИВМЕ ИРАН, КАКО ЈАПОНИЈА НАС ВО ПЕРЛ ХАРБОР, РЕЧЕ ТРАМП ПРЕД ЈАПОНСКАТА ПРЕМИЕРКА

Моравме да го изненадиме Иран со воениот напад, исто како што направи Јапонија во Перл Харбор, рече претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Белата куќа, додека седеше до јапонската премиерка Санае Такаичи, која е во официјална посета на Вашингтон.

На прашањето од јапонски новинар зошто сојузниците на САД, вклучително и Јапонија, не биле однапред известени за нападот врз Иран, Трамп рече дека не сакале да откриваат премногу информации.

– Влеговме многу силно и никому не кажавме за тоа, бидејќи сакавме изненадување. Кој знае подобро за изненадувањата од Јапонија? Зошто не ми кажавте за Перл Харбор – му одговри Трамп на новинарот од Јапонија.

- Advertisement -
Ad image

 

Трамп изјави дека нема намера да испраќа дополнителни трупи на Блискиот Исток и оцени дека војната со Иран „наскоро ќе заврши“.

– Не испраќам трупи никаде. А и да испраќам, сигурно не би ви кажал – изјави Трамп на заедничка прес-конференција со јапонската премиерка Такаичи.

Говорејќи за воената кампања, Трамп ја нарече „краток излет“, додавајќи дека иранските поморски и воздушни капацитети, како и противвоздушната одбрана, се сериозно ослабени.

– Морав да го направам овој мал потег и да направам нешто што ниту еден друг претседател немаше храброст да го направи – рече тој.

Додаде дека, иако цените на нафтата пораснале по американско-израелските напади врз Иран, ефектите биле помали од очекуваното.

– Очекував да биде полошо, многу полошо. Не е толку лошо и наскоро ќе заврши – рече Трамп.

Трамп рече дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не ги напаѓа повторно иранските нафтени и гасни полиња, по вчерашниот напад на Израел врз Јужен Парс.

– Му реков: „Немој да го правиш тоа“, и тој нема да го стори тоа. Не разговаравме за тоа. Работиме независно, но се сложуваме одлично. Координирано е. Но, повремено тој ќе направи нешто, а тоа не ми е погодно – рече Трамп.

Премиерката Такаичи изјави дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и дека Јапонија ги осудува нападите на Иран врз земјите на Блискиот Исток, како и затворањето на Ормускиот Теснец.

Таа рече дека земјите во светот ја сфаќаат безбедносната средина „многу сериозно“ и оцени дека глобалната економија наскоро ќе доживее „огромен удар“ поради ситуацијата на Блискиот Исток.

– Дури и во тој контекст, цврсто верувам дека само ти, Доналд, можеш да постигнеш светски мир – истакна Такаичи.

Јапонскската премиерка рече дека „развојот на нуклеарно оружје никогаш не смее да му се дозволи“ на Иран. Додаде дека Јапонија повикува на тоа и дека „им се обраќа на другите партнери во светот“ на овој начин.

Американскиот претседател изрази уверување дека Јапонија ќе „преземе одговорност“ во конфликтот, „за разлика од НАТО“.

Рече дека е задоволен од нивото на поддршка што го видел од Јапонија.

– Имавме огромна поддршка и однос со Јапонија за сè. И верувам дека, од изјавите што ни ги дадоа вчера и завчера, тие навистина преземаат одговорност, да. За разлика од НАТО – рече Трамп.

Порано денес, група европски земји и Јапонија издадоа заедничка изјава во која ги осудуваат нападите на Иран врз трговски бродови во Заливот и затворањето на Ормускиот Теснец, додавајќи дека се подготвени „за соодветни напори за обезбедување безбеден премин низ теснецот“.

Трамп го критикуваше НАТО за тоа што не ги поддржува целосно напорите на неговата администрација во Иран, а во вторникот изјави дека Алијансата „прави многу голема грешка“.

Подоцна претседателот рече дека очекува Јапонија „да преземе поголема улога“, истакнувајќи ја зависноста на земјата од Ормускиот Теснец за увоз на нафта.

– А во случајот со НАТО, тие не сакаат да ни помогнат да го одбраниме теснецот, иако тие се оние на кои им е потребен. Но, сега тие стануваат многу поприлагодливи, затоа што ја гледаат мојата позиција. Но, што се однесува до мене, предоцна е.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation