Топ Вести - Слушај сега
За помалку од две недели пред суд ќе се појави Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана Јовановска, која загина со пад од зграда во скопската населба Тафталкџе заедно со нивната шестгодишна ќерка.
Првото рочиште во случајот е закажано за 30 март во Основниот кривичен суд Обвинителството го товари Јовановски за четири кривични дела – телесна повреда, продолжено семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.
Според обвинението, на 2 март обвинетиот на повеќе локации во Скопје физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа во еден момент ја изгубила свеста. Подоцна, на паркинг во близина на судот, ѝ упатил и сериозни закани по нејзиниот живот и безбедност, предизвикувајќи кај неа силен страв и чувство на несигурност.
Од Обвинителството наведуваат дека обвинетиот подолг период психички и физички ја малтретирал сопругата, која била во состојба на фактичка и егзистенцијална зависност од него. Кобниот ден, по нов бран насилство и закани, таа се вратила во станот за да се спакува и да замине, но, според обвинението, психичката состојба во која се наоѓала довела до трагичниот чин.
Жената скокнала од терасата на станот од шестиот кат заедно со детето.
Јавниот обвинител предложил продолжување на мерката притвор за обвинетиот поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. Тој во моментов се наоѓа во притвор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
