Background

ХРВАТСКАТА ПЕЈАЧКА МУ НАПРАВИ НА СИНОТ ХОЛИВУДСКИ РОДЕНДЕН

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Маја Шупут, позната хрватска пејачка и членка на жирито на телевизиското шоу „Суперталент“ приредила вистински спектакл за петтиот роденден на својот син од кој, коментираат обожавателите, би се засрамил дури и Холивуд!

- Advertisement -
Ad image

– Ако мислевте дека сте виделе сè кога станува збор за детски родендени – размислете повторно. Бидејќи она што Маја Шупут го приреди за својот син Блум за неговиот петти роденден буквално ги поместува границите! Таа сподели снимки од петтата роденденска забава на својот син Блум на својот Инстаграм профил, а видеото кое веднаш ги запали социјалните мрежи изгледа како трејлер за луксузен филм, а не за детски роденден – пишуваат хрватските медиуми.

Покрај објавата таа напиша емотивна порака: „Среќен петти роденден, моја најголема љубов. Ти си најсреќното, најслаткото и најшармантното суштество што некогаш сум го запознала. Ти си најголемата радост во мојот живот и убедливо најдобрата работа што некогаш сум ја направила. Не поминува ден, а да не бидам благодарна што си мој син и што нашата љубов е толку голема и што двајцата сме толку поврзани. Уживај во твојот голем ден, те сака твојата мајка“.

 

Малото момче за роденденот е воодушевено уште на самиот почеток од видеото – елегантно облечено, како вистински мал господин, седи во луксузна диско лимузина и самоуверено поздравува: „Добредојде на мојата диско забава!“ И тука започнува шоуто што ретко се гледа дури и меѓу светските ѕвезди.

Момчето за роденден носело бело сако со црни ревери, елегантна бела кошула и темни панталони, а комбинацијата била заокружена со кул патики. Резултатот? Комбинација од Џејмс Бонд и диско ѕвезда, во детска верзија која плени на прв поглед.

Како што може да се види и во видеото, Блум пристигнал на својот роденден – со стил. Голема сина лимузина со натпис „Блум“ беше само вовед во вечер полна со изненадувања, а неговите мали пријателчиња имале можност и самите да се возат со неа.
Целиот простор бил трансформиран во вистински диско рај од 80-тите – блескав подиум за танцување, море од сребрени балони, рефлектирачки завеси и диско топки создале атмосфера како од ноќен клуб.

Магионичар кој ги забавувал децата, лизгалка, диско сцена, танцување и музика до максимум, катчиња за игра, но и места за одмор, шатори и простор за спиење, богата понуда на храна, пијалаци и слатки…
Централниот момент на вечерта била спектакуларна повеќекатна торта во диско стил – црно-бела и сребрена комбинација со фигури на танчери, мини диско топка и блескави детали. Вистинска мала уметничка инсталација!

 

На забавата бил и таткото на Блум, Ненад Татаринов, а атмосферата била опуштена, весела и, пред сè, луксузна до последен детаљ.

Судејќи според оваа забава, Блум веќе живее како вистинска мала ѕвезда.

А што ќе биде за прославата на 18-тиот роденден, можеме само да замислиме…

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation