Топ Вести - Слушај сега
Во спомен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, КПС „Осоговски орел“ – Кочани денеска реализираше акција за пошумување во месноста Пресечена Скала.
– На неодамна опожарен терен над Фабриката за вода засадивме 300 млади багреми, во сеќавање на сите што ги изгубија животите во „Плус“, меѓу кои се и нашите членови, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев – соопштуваат од КПС „Осоговски орел“.
Со оваа еколошка и хумана иницијатива, од КПС „Осоговски орел“ испратија порака дека споменот на настраданите ќе продолжи да живее и преку дела што создаваат нов живот и ја обновуваат природата. По завршувањето на пошумувањето, беше реализирано и пешачење на релацијата од Пресечена Скала, преку Мактеон, до водопадите на Кочанска Река. Рекреативците поминаа патека долга осум километри.
На Градскиот стадион во Кочани беа откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верни навивачи на групата „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“. Златков и Стојанов загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
