Background

Алиу вели дека тој е резултат на научените лекции од трагичните настани

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната завршна сесија од Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“, организирана од Владата, презентираше Национален план за справување со масовни жртви, усвоен на последната владина седница, оценувајќи дека станува збор за прв таков документ во државата, изработен со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО).

- Advertisement -
Ad image

Алиу истакна дека планот е резултат на научените лекции од повеќе трагични настани кои што ја погодија државава изминативе години, меѓу кои автобуската несреќа во Ласкарци, пожарот во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа во Бугарија и трагедијата во Кочани.

– Овој план не е одговор само на едно трауматично општествено искуство кое што го имавме, туку и на повеќе тешки моменти што ги преживеа нашата држава во изминатите години – автобуската несреќа во Ласкарци, модуларната болница во Тетово, автобусот што изгоре во Бугарија, а потоа и Кочани – истакна Алиу.

Според него, секој од овие настани покажал дека при трагедии со масовни жртви, покрај човечката пожртвуваност, е потребна силна, усогласена и однапред подготвена институционална реакција.

Со имплементацијата на планот, вели, се очекува намалување на смртноста и зголемување на преживувањето при масовни жртви и инциденти, унапредување на координацијата меѓу институциите, подигнување на оперативната готовност на здравствените установи, како и развој на систем за обуки, симулациски вежби и континуирано усовршување на професионалците.

– Неговата суштинска вредност е во тоа што јасно ги дефинира улогите и одговорностите на сите надлежни институции и го структуира одговорот на три клучни нивоа. И тоа, на стратегиско ниво, каде што планот предвидува активирање на кризно управување, централизирано донесување одлуки и меѓусекторска координација. На ниво на здравствена установа, планот ја утврдува организацијата на прием и третман на голем број повредени, мобилизација на персоналот, опремата и одржувањето на континуитетот на здравствените услуги. На предболничко ниво на организација на институциите се утврдува теренската тријажа и укажувањето медицинска помош, евакуација, транспорт и воспоставување истурена медицинска станица, каде што е потребно – појасни Алиу во неговото обраќање.

Министерот информираше и дека е изготвен првиот национален протокол за изгореници, кој, како што рече, претставува клучен чекор во стандардизирањето и унапредувањето на третманот на пациентите со изгореници на национално ниво и додаде дека во завршна фаза е и изработката на АТЛС-протокол за напредно одржување во живот при трауми.

– Искуството од трагичниот настан во Кочани покажа дека изгорениците се меѓу најтешките трауматски повреди и бараат брз, координиран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој протокол се темели на современите препораки од водечките европски и американски протоколи за изгореници, прилагодени на нашиот здравствен систем и ресурсите во државата – нагласи Алиу.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation