Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати необична порака до иранската фудбалска репрезентација во пресрет на Светското првенство. Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ порача дека тимот од Иран е добредојден на турнирот, но дека смета оти е подобро да не дојде.
Трамп во објавата ја спомена безбедноста на играчите како причина за ваквиот став.
„Иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но навистина не верувам дека е соодветно тие да бидат таму, за сопствениот живот и безбедност. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша американскиот претседател.
Изјавата доаѓа во време на зголемени политички тензии меѓу САД и Иран.
Ден претходно, иранскиот министер за спорт Ахмад Донјамали изјави дека националниот тим на Иран нема да учествува на Светското првенство „под никакви околности“.
Претходно се огласи и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. По разговор со Трамп, тој изјави дека иранската репрезентација е добредојдена на турнирот.
Светското фудбалско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Турнирот е закажан од 11 јуни до 19 јули.
Пораките од Вашингтон и од Техеран покажуваат дека политичките тензии може да се прелеат и во спортот.
Учеството на иранската репрезентација на Мундијалот останува неизвесно, и покрај тоа што ФИФА формално порача дека тимот е добредојден
Tagged as:
вели Трамп Иранската репрезентација би можела да биде во опасност
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
