Топ Вести - Слушај сега
Вечерва од 19 часот во Спомен-собата на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи промоција на најновиот роман на Ивица Челиковиќ, „Повратник со две лица“.
Челиковиќ е поет, раскажувач и преведувач. Автор е на петнаесетина авторски дела, поетски збирки и романи. Добитник е на повеќе значајни награди и признанија, меѓу кои „Млада Струга“, „Златно перо“, „Стале Попов“, „Караманов 2023“. Неговиот седми роман „Повратник со две лица“ е во финалето за овогодишната награда „Роман на годината“, рамо до рамо со романот на неговиот промотор – Венко Андоновски.
„Повратник со две лица“ отвора сериозни егзистенцијални, морални и филозофски дилеми. Тоа е приказна за сеќавањето, помирувањето со загубата и простувањето, како и за вечната човекова потреба да се најде светлина во темнината.
Романот е издание на „Паблишер“ и беше објавен кон крајот на 2025 година. Достапен е во сите книжарници на „Три“, а ноќва читателите ќе имаат можност да го купат и од Библиотеката и да добијат потпис од авторот.
Tagged as:
ПРОМОЦИЈА НА „ПОВРАТНИК СО ДВЕ ЛИЦА“ ОД ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
