Топ Вести - Слушај сега
Иранската хакерска група „Татковинска правда“ денеска ја хакираше целосната комуникација на албанскиот парламент.
Во пораката објавена на веб-страницата на албанскиот парламент се наведува дека „сите разговори и преписки на корумпираните членови на парламентот во текот на изминатите неколку месеци се во рацете на групата“.
„Ние сме многу поблиску до вас отколку што мислите. Дали навистина ги засолнивте тие убијци на деца? Ќе се погрижиме овој срам да остане со вас засекогаш“, се вели во објавата на групата на насловната страница на парламентот.
Попладнево страницата на албанскиот парламент функционира нормално.
Албанија на почетокот на септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран, откако го обвини Техеран дека во текот на летото истата година извршил масовен кибернапад врз државните институции на земјата.
На почетокот на овој месец беше објавена вест дека иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) ја разгледува можноста за напад врз кампот на Народните муџахедини на Иран (МЕК) во Албанија.
По објавувањето на веста, реагираше нивниот портпарол, Шахријар Киа, отфрлајќи ја можноста за напад врз Албанија, додавајќи дека „новинските извештаи се пропаганда оркестрирана од иранскиот режим“. Според него, дури и од техничка гледна точка, невозможно е ракетите лансирани од Иран да стигнат до Албанија.
Во комплексот Ашраф-3, што се наоѓа во селото Манза, во близина на Драч, од 2013 година се сместени над 3.000 членови на МЕК.
Премиерот Рама вчера ги коментираше најновите случувања на Блискиот Исток, нагласувајќи дека Албанија, како членка на НАТО, е безбедна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
