Background

Премиерот Христијан Мицкоски убедува дека во земјава има доволно количини гориво и нема простор за паника

Премиерот Христијан Мицкоски убедува дека во земјава има доволно количини гориво и нема простор за паника. Недостигот на гориво што се јавува на некои бензински пумпи во пограничните предели се поради наплив на возачи од соседните земји каде што горивото е поскапо.

Тој рече и дека и по нивелирањето на цените на горивата со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика , цените на горивата во земјава се најниски во регионот.

-Како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата. Тоа во моментот е добро од еден страна но имаме наплив на бензинските пумпи во пограничните предели од соседите кои точат гориво па на бензинските пумпи се трошат брзо количините. По нивелирање на цените литар дизел во Албанија е  30 % поскапа и логично е да имаме притисок на бензинските пумпи до границата. Во Србија дизелот е поскап за 25%, во Косово е поскап околу 10%, а во Грција 15% дизел. таква е и состојбата со цените на бензините. Очекуваме притисок, имаме доволно количини но разговараме со компаниите кои увезуваат горива  и со дистрибутерите горива. Нема недостаток на горива- рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој како добра вест ја оцени цената на нафтата на берзите која утринава се стабилизира на околу 90 долари за барел.

-Владата ја следи состојбата и во зависност од развојот на настаните како влада, доколку има потреба ќе реагираме – рече Мицкоски.

Тој оцени дека во вакви услови, нема потреба за прогласување кризна состојба поради горивата.

Мицкоски најави и средба со трговците и дистрибутерите за да се информира за влијанието на цените на горивата врз цените на прехранбените производи инако што рече очекува и тие да се однесуваат фер кон граѓаните за да имаат фер однос и на владата кон нив.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation