Background

Трамп му порача да ја заврши војната со Украина

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот руски колега Владимир Путин за војната во Украина и за состојбата на Блискиот Исток.

- Advertisement -
Ad image

Трамп синоќа им рече на новинарите дека претходно во текот на денот имал „многу добар разговор“ со Путин.

– Има огромна омраза меѓу претседателот Путин и (украинскиот) претседател Володимир Зеленски. Двајцата не можат ни да се погледнат, но сметам дека разговорот на оваа тема беше позитивен – рече Трамп.

Тој додаде дека Путин „сака да биде од корист“ во решавањето на конфликтот со Иран.

– Му реков: Можеш да бидеш покорисен ако ставиш крај на војната меѓу Украина и Русија. Тоа би било покорисно – изјави Трамп на прес-конференција во својот голф-клуб во Флорида.

Советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков разговорот го оцени како „многу суштински“, додавајќи дека „веројатно ќе има практично значење за идната работа меѓу двете страни“.

Според него, Путин изнел неколку идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решавање на конфликтот во Иран, вклучително и врз основа на контактите што ги имал со лидери од земјите од Персискиот Залив, со иранскиот претседател и со лидери на други држави.

Ушаков рече дека Трамп, исто така, ја изнел својата оценка за развојот на американско-израелската операција.

– Се одржа многу суштинска и, без сомнение, корисна размена на идеи – нагласи тој.

Ушаков додаде дека Трамп смета оти „брзото решавање на конфликтот во Украина со прекин на огнот и долгорочно решение“ е во интерес на САД.

Тој истакна дека руските сили „доста успешно напредуваат“ на фронтот и дека тоа треба да го поттикне Киев да започне преговори за решавање на конфликтот.

Двајцата претседатели разговарале и за ситуацијата во Венецуела.

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиционо-економска соработка со странство Кирил Дмитриев соопшти дека телефонскиот разговор траел еден час.

„Беа разгледани можни решенија за Украина и за иранскиот конфликт“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation