Топ Вести - Слушај сега
Судир меѓу два сојузника ја тресе трансатлантската политика. Доналд Трамп остро го нападна британскиот премиер Кир Стармер. Причина станува британската воздржаност во првиот бран напади врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер телефонски разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток. Разговорот се случи во сенка на остри критики од Вашингтон кон Лондон.
Причина за судирот стана одлуката на британската влада да не дозволи американските сили да ги користат британските бази во првиот бран напади врз Иран. Трамп со денови го критикува Стармер.
– Тој не е како Винстон Черчил – порача Трамп, алудирајќи на историскиот британски лидер.
По најавите дека Велика Британија размислува да испрати носач на авиони на Блискиот Исток, Трамп реагираше со иронија.
– Малку е доцна да се праќаат бродови, нели? Не ни требаат луѓе што се приклучуваат на војни откако веќе сме победиле.
Трамп порача дека САД не зависат од британска помош за победа во војната против Иран.
Британскиот премиер Кир Стармер се обиде да ја намали тензијата меѓу двете земји. Тој изјави дека Велика Британија и САД тесно соработуваат и разменуваат разузнавачки информации.
Стармер објасни дека првично одбил да дозволи користење на британските бази бидејќи сакал да се увери дека воената акција е законска и внимателно испланирана.
Подоцна сепак даде зелено светло за користење на базите на РАФ Ферфорд во Глостершир и на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан.
Овој викенд четири американски бомбардери слетаа во Ферфорд. Базите веќе се користат за она што Лондон го нарекува „специфични одбранбени операции“ против ирански ракетни позиции
Tagged as:
вели „тој не е Черчил“ Трамп го исмеа Стармер
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
