Background

Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним.

- Advertisement -
Ad image

Инфраструктурата на аеродромот веќе беше погодена во американско-израелските напади во изминатите денови.

Израелската војска најави „нов бран големи воздушни напади“ врз владини цели во Техеран, каде што голем број луѓе се собраа во петокот на првата молитва по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран беше гаѓан цела ноќ, а бомбардиран е и Либан каде што неколку стотици илјади луѓе се раселени. Иранските проектили над Израел, Саудиска Арабија и Бахреин беа соборени од системи за противвоздушна одбрана.

– Ноќта беше најлоша досега – изјавија граѓани на Техеран за Би-Би-Си.

Тоа не беше единствениот ирански град што беше мета.

За Либанците ноќта беше страшна, за што сведочат урнатините кои останаа во јужниот дел на градот. Израел претходниот ден издаде наредба за евакуација, некои Либанци ноќта ја поминаа на улица.

– Спиевме на улица овде – некои спиеја во своите автомобили, некои на улица, некои на плажа. Сега сме бездомници – вели раселениот Либанец Џамал Сејфедин.

– Ситуацијата е неприфатлива и искрено, како Либанка, она што најмногу збунува е тоа што човек не знае на која страна да биде – не можете да бидете ниту на едната ниту на другата страна. Двете страни се полоши една од друга, репресивни кон Либанците – вели студентката Сара Мусали.

Во текот на денот, израелски војници со тенкови влегоа во Либан. Ноќта, според соопштенијата на израелската војска, тие ги гаѓале седиштата на Хезболах во Либан.

Што се однесува до бојното поле во Иран, Израел тврди дека со дури педесет ракети го гаѓал подземниот бункер на покојниот ајатолах Али Хамнеи.

Од Вашингтон порачуваат дека нема да запрат, дека имаат муниција и оружје во изобилство и, според зборовите на американскиот претседател, операцијата оди подобро од очекуваното.

– Приоритет за Иран сега е да покаже максимален отпор кон агресорот. Ние сме нападнати, врз нас вршат инвазија Американците и Израелците, и тие се обидуваат да му нанесат максимална штета на Иран. Додека разговараме, моите сограѓани се подложени на тепих-бомбардирања од Американците и од Израелците – вели заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саед Хатибзаде.

Иран се спротивставува и ги гаѓа сите земји од Заливот каде што постојат американски бази, сега ги гаѓа и нафтените постројки и ја блокира транспортната рута, поради што, меѓу другото, цената на нафтата расте. Тоа е можност за Русија да заработи – побарувачката за нејзината нафта, како што наведуваат во Москва, расте. А еден од најголемите купувачи, Индија, доби одобрение од САД да купува руска нафта 30 дена без санкции.

Американско-израелските напади започнаа точно пред една недела, а на првиот ден од нападите, на 28 февруари, Хамнеи беше убиен.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Техеран, а Израел продолжи жестоко да ги бомбардира Иран и Либан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation