Топ Вести - Слушај сега
Премиерот Христијан Мицкоски дeнеска изјави дека не сака да ја коментира последната одлука на Уставниот суд кој ја прекина постапката за оценување на уставноста на линеарното покачување на пензиите, според која тоа останува во сила, но истакна оти иако одлуките на Судот некогаш се, а некогаш не се согласно полтикитките на Владата, тие треба да се почитуваат и спроведуваат. За среќа, вели, овојпат одлуката е во полза на пензионерите.
-Што се однесува до одлуката на Уставниот суд многупати сум кажал дека нема да ги коментирам. Нормално, понекогаш тие одлуки се во согласност со вашите политики, понекогаш не се во согласност во вашите политики, но одлуките на Уставниот суд мора да се прифатат и да се имплементираат – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на штипската компанија „Актива“.
Оваа одлука, вели премиерот Мицкоски, за среќа на пензионерите е во нивна полза и ќе остане линеaрното покачување од 1000 денари за секој пензионер.
-Со ова се заокружуваат 7.000 денари линеарно покачување на пензиите откако дојдовме како Влада, иако ветивме зголемување од 5.000 веќе имаме 7.000 денари. Тоа сега ќе се заокружи со мартовската пензија која ќе се исплати во април. На тој начин тоа ветување не само што го исполнивме, туку би рекол и за околу 40 проценти го надминавме- истакна премиерот.
Тој додаде дека согласно законот овој месец треба да се покачи и минималната плата.
– Како Влада тоа ќе го донесеме на следната седница. Формално тоа помина како информација на седница на Економско социјалниот совет. Следно е Владата да ја донесе информацијата и веќе од април стопанството, но и Владата да почнат со усогласување на платите визави минималната плата – рече Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
