Топ Вести - Слушај сега
Четвртоообвинетиот за пожарот во Кочани, Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој беше сместена дискотеката „Пулс“, денеска, пред почетокот на рочиштето за трагичниот пожар, рече дека слушнал како некои групи во Кочани „се спремаат да го лишат од живот“.
Тој побара од судот да преземе нешто затоа што е многу болен и нема услови да доаѓа на рочиштата.
– Имам сепса на градите, имам и бактерија на грбот, не можам да го следам веќе судењето, барам судот да преземе нешто. Јас не можам повеќе да плаќам шофери да ме возат на рочиштата, час и пол натака, час и пол навака. Се враќам и во кревет се борам за живот. Слушам и дека некои групи во Кочани се спремаат да ме лишат од живот – рече обвинетиот Милковски.
Судијката Дијана Груевска Илиевска рече дека е информирана од лекарите за неговата здравствена состојба.
– Знам дека ви е најдена бактеријата. Судот направи сѐ што можеше, судот не може да ви обезбеди превоз до судницата – рече судијката.
Обвинетиот на тоа одговори дека во тој случај нема да доаѓа на судењето.
– Ако не дојдете на рочиште ќе одите во притвор, а оттаму ќе ве спроведуваат на судењата. Првиот пат кога нема да се појавите, јас веднаш ќе ви одредам притвор. Вам ви е должност да дојдете – рече судијката.
Обвинетиот на тоа одговори дека така е подобро.
– Ако треба, ќе одам во притвор – рече Милковски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
