Топ Вести - Слушај сега
Денеска се врши ексхумација на уште една повозрасна жена за која ЈОРСМ има сомнеж дека е жртва на дваесет и петгодишниот овчар од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство, соопшти денеска обвинителството. Инаку, како што информираа од казнено-поправната установа Куманово (затвор К’шање), Т.Б. денеска е спроведен на Клиника за психијатриско вештачење.
– По наредба на судија на претходна постапка, осомничениот Т.Б. денеска е спроведен во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Психијатрија за психијатриско вештачење. По завршувањето ќе биде вратен во КПУ Затвор Куманово на издржување мерка притвор – изјави директорот на установата, Оливер Цветковски.
На денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека за случајот се постапува по наредби на обвинителството.
– Таму морам да бидам малку резервиран со информации, заради тоа што таму веќе се постапува по наредба на јавен обвинител, така што сега не би можел да изнесам детали. Кога ќе заврши целокупниот дел од истрагата ќе ја информираме јавноста за сите детали – рече Тошковски, појаснувајќи дека се постапува за сите прашања во соработка со обвинителството.
Од обвинителството информираа и дека се издадени наредби до МВР да ги достават сите претходни пријави и поплаки за осомничениот, врз основа на кои ќе се утврди дали имало пропусти во постапувањето.
– МВР доби наредба да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци, сите можни настани врз основа на кои ние понатаму ќе утврдуваме што е пријавено, кој постапил, кој не постапил – нагласија од обвинителството.
Против дваесет и петгодишниот Т. Б., како што информираа претходно од СВР Куманово, биле поднесени и кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
