Топ Вести - Слушај сега
Во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, Министерството за социјална политика, демографија и млади изразува длабоко сочувство до семејството и блиските.
„Постапувајќи согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, Министерството веднаш изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување на институцијата.
Според првичните информации од инспекторите, починатата заедно со сопругот за прв пат се евидентирани во Центарот на 07.10.2025 година, по барање на Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак.
Министерството има јасен и недвосмислен став: секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено, а одговорност мора да има согласно закон.
Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет и нема да дозволиме институционални слабости да останат неадресирани.
Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки. Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита“ – се вели во соопштението на Министерството за социјална политика.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
