Топ Вести - Слушај сега
Што кажува ВМРО токму денеска на првата посетата на генералиот секретар на НАТО, Марк Руте на Македонија.
Нека му го кажат ова денес на генералниот секретар Марк Руте: дека според ВМРО сме примени во НАТО затоа што таму некој така сакал и дека членството во НАТО е предавничка политика.
Нека му го порачаат тоа кога ќе се сретнат со него.
Прво Гордана Сиљановска како „командант“, па потоа Мицкоски, македонскиот Мадуро.
Како што се однесуваат кон Европа, така сега и кон НАТО.
Ја навредуваат Македонија, ја понижуват, ги навредуваат граѓаните во момент кога е во посета генералниот секретар на НАТО.
Со оглед на Стоиљковиќ и Адамовиќ и нивните односи со Русија дали ова е намерен потег, како што прават намерни провокации и навреди кон соседите?
Така изгледа „патриотизмот“ на ВМРО на дело.
Не им е важна безбедноста на граѓаните. Велат Македонија не е важна, нејзиниот интерес не е важен, успехот на граѓаните и на целата државата не е важен, некој таму имал интерес и затоа сме во НАТО.
Дали им е јасно на граѓаните како изгледа таа нивна „патлиџан“ политика?
Ги навредуваат граѓаните, ја навредуваат Македонија, ги навредуваат соседите, ја навредуваат ЕУ, а сега и НАТО.
Ете, сега сите го знаат вистинското лице на криминалната организација ВМРО-ОКГ.
Изолација на Македонија, за лично богатење.
А кога ќе снема пари – мигранти.
Tagged as:
СДСМ: ВМРО ја навредува Македонија и го навредува НАТО на првата посета на Руте
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
