Топ Вести - Слушај сега
Во „Project Hail Mary“, Рајан Гослинг игра неволен астронаут на мисија да ја спаси Земјата од тотална катастрофа. Во неодамнешното интервју, 45-годишниот актер е слично херојски настроен кон новинарот заглавен покрај патот.
Репортерот на „Добро утро Чикаго“, Џејк Хамилтон, го започна своето интервју со Гослинг – кое оттогаш стана вирално на Инстаграм – додека стоеше надвор, во пустината. Додека тој се нурнуваше во претстојната научно-фантастична авантура на Гослинг, актерот изрази загриженост и го праша новинарот дали му е потребно спасување.
– Дали имате помош на патот? – праша актерот кој има три номинации за Оскар, пред да се пошегува дека изгледа како Хамилтон да известува од внатрешноста на вулкан.
Всушност, Хамилтон бил на турнеја низ Големиот Кањон пред интервјуто со ѕвездата од филмот „Барби“, но, кога туристичкиот автобус се расипал, тој морал да импровизира.
– Очигледно, би направил сè за да не пропуштам интервју со тебе – му рече Хамилтон на Гослинг.
И така, Хамилтон се поставил покрај патот, со автомобили што поминуваа зад него и со другите патници во туристичкиот автобус во позадината. Со оглед на карпестата, вонземска позадина, се чинеше дека е совршена сцена да го прашаат Гослинг за филм каде што тој се здружува со вонземјанин со прекар „Роки“.
Но, Гослинг има поинаков филм на умот.
– Изгледаш како Том Круз во „Невозможна мисија“, забележа тој, споредувајќи го изгледот на Хамилтон со оној на Итан Хант во вториот дел од шпионската серија.
Меѓу прашањата за интервјуто, Гослинг полузагрижено, пиолу на шега го прашува Хамилтон дали има доволно залихи за да преживее, а исто така сугерира дека можеби ќе биде корисно да се тргне малку настрана. „
– Тоа може да стане грдо – вели тој.
Хамилтон му даде до знаење на Гослинг дека ќе биде сосема добро, бидејќи имал две основни работи за новинар во неговата ситуација: „Имам вода и имам производи за коса“.
Погледнете го ова необично интервју.
Инаку, Project Hail Mary го означува враќањето на Гослинг во вселената по филмот First Man (Првиот човек) од 2018 година. Погледнете го трејлерот за овој нов филм на Гослинг кој излегува во кината на 20 март.
Tagged as:
Во „Project Hail Mary“ Рајан Гослинг игра неволен астронаут на мисија да ја спаси Земјата од тотална катастрофа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
