Топ Вести - Слушај сега
Пред 10 дена Охридскај прв го обелодени скандалот со новиот анекс за автопатот Кичево-Охрид. Денес, министерот за транспорт Александар Николоски во емисијата 360 степени на МРТ официјално го потврди она за кое медиумот предупреди – и при тоа случајно ги открил детали кои требало да останат прикриени.
Клучната разлика: Охридскај постави вистинско прашање. Николоски даде само дел од одговорот.
Официјалните признавања на министерот:
| Безбедносни огради | Изоставени од оригиналниот проект – дополнителни 37 милиони евра |
| Влезно-излезни клучки | Не биле предвидени во проектот |
| Паралелни патишта | Исто така изоставени (стандарден услов) |
| Надвозник Требениште | Непотребна инфраструктура – кракот за Струга откажан |
| 14 галерии | Неопходни поради свлечишта – непредвидено |
| Нов рок | 31.12.2026 (продолжен) |
| Вкупни дополнителни средства | 186 милиони евра |
| МАТЕМАТИКАТА НА БАНКИНИТЕ: КАЛКУЛАЦИЈА
Добавувач: УНИПРОМ Чачак (Р. Србија) Вградување: фирми од Тетово и Демир Хисар Цена по должен метар: 600 евра Должина на трасата: 70 км = 70.000 м Коефициент (парчина по м): x4 до x6 При коефициент x4: 70.000 m x 4 x 600 € = 168.000.000 € При коефициент x6: 70.000 m x 6 x 600 € = 252.000.000 € Споредба: Министерот признава само 37.000.000 € за банкини Разликата е повеќе од очигледна. Прашањето е: каде оди остатокот? |
Министерот Николоски во мимоход призна еден особено симптоматичен факт: надвозникот-петља кај Требениште бил изграден (и платен со народни пари), но кракот за Струга – заради кој постои таа петља – е откажан.
Едноставно кажано: изградена е инфраструктура без функција. Граѓаните платиле за нешто што никој нема да го користи. Ниту Охридскај, ниту еден друг медиум не доби официјална бројка за колку чини овој надвозник. Прашањето останува отворено.
| ШТО РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ | ШТО ПИШУВАШЕ ОХРИДСКАЈ (И Е РЕАЛНОСТ) |
| “Рокот останува 31.12.2026, нема дополнителни трошоци” | Веќе плус 186 милиони евра – тоа е дополнителен трошок |
| “Цената по км е 13,5 мил. € – поповолно од другите” | Со анексите реалната цена значително расте. Конечниот км-цена сеуште не е познат |
| “Пропустите биле технички – ги средуваме” | Изоставање на ОСНОВНИ безбедносни елементи не е технички пропуст – тоа е системска грешка или намера |
Автопатот Кичево-Охрид е еден од најголемите инфраструктурни проекти во историјата на државата. Почнат пред претходната влада, продолжен под сегашната – со нови анекси и нови ветувања. Охридскај веќе го документираше моделот: ветување на рок, промашување, нов анекс, ново ветување.
Денешното признавање на Николоски е значајно не само поради тоа што потврдува претходните написи на Охридскај, туку и поради тоа што покажува со каква леснотија се трошат народни пари без никаква одговорност.
| ОХРИДСКАЈ СЛЕДИ
Редакцијата на Охридскај ги достави прашањата до Министерството за транспорт во врска со надвозникот Требениште, цената на банкините и добавувачот УНИПРОМ Чачак. Ги очекуваме официјалните одговори и ќе ги објавиме. Следете нe на OhridSky.mk за сите нови информации. |
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
