Топ Вести - Слушај сега
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска престојува во официјална посета на Македонија, што е негова прва посета на земјава како шеф на Алијансата.
Руте ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести. Потоа ќе следува тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и делегацијата на НАТО, а нешто пред 13 часот попладнево Сиљановска-Давкова и Руте ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во агендата на генсекот на НАТО се предвидени и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и обраќање пред пратениците во законодавниот дом.
За време на престојот на Скопје, Руте ќе ја посети и касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група на Армијата и на дел од опремата на оваа единица. На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.
Поради доаѓањето на Руте, денеска во Скопје важи посебен режим на сообраќај. Од СВР Скопје апелираат до возачите и пешаците да ги почитуваат насоките на полициските службеници и навреме да го планираат своето движење низ градот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
