Топ Вести - Слушај сега
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелската војска (ИДФ) навлегува во јужен Либан, со цел да спречи „директен оган“ врз израелските заедници.
„За да се спречи можноста за директен оган врз израелските заедници, премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас ја овластивме ИДФ да напредува и да заземе дополнителен доминантен терен во Либан и оттаму да ги брани пограничните заедници“, соопшти Кац.
ИДФ продолжува силно да дејствува против целите на Хезболах во Либан, додаде тој.
„Терористичката организација плаќа и ќе плати висока цена за огнот кон Израел“, вели Кац.
ИДФ претходно соопшти дека распоредила војници подлабоко во јужен Либан, надвор од петте пунктови што моментално ги држи.
„Војниците на 91-та регионална дивизија Галилеја се позиционирани на неколку точки во близина на пограничната област како дел од засилената предна одбранбена позиција“, соопшти армијата.
ИДФ наведува дека „работи на создавање дополнителен слој на безбедност за жителите на северен Израел“.
„ИДФ спроведува насочени напади против терористичката инфраструктура на Хезболах со цел да ги отстрани заканите и да спречи обиди за инфилтрација на израелска територија“, се додава во соопштението.
Израелската војска рано утринава соопшти дека напаѓаат објекти што ѝ припаѓаат на милицијата Хезболах во Бејрут.
„ИДФ моментално ги напаѓа командните центри на Хезболах и складиштата за оружје во Бејрут“, соопшти војската во кратка објава на Телеграм.
Како одговор на убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, Хезболах во неделата вечерта истрела неколку ракети кон Израел. Како одговор, израелската војска нападна повеќе цели, вклучително и во предградијата на главниот град Бејрут.
Хезболах е најважниот недржавен сојузник на Иран и се смета за продолжение на Техеран, особено во борбата против нивниот заеднички непријател Израел.сд/јт
Хезболах денеска ја презеде одговорност за лансирањето дронови кон Израел во текот на ноќта.
Групата тврди дека цел биле израелската база за контрола на воздушниот сообраќај на планината Мерон и воздухопловната база Рамат Давид.
Исламистичката група исто така тврди дека утрово лансирала ракети кон база на ИДФ на Голанската Висорамнина.
Според ИДФ, пресретнати биле два дрона од Либан. Нема извештаи за напади на територијата на Израел.
Во 4:43 часот по израелско време, два дрона „навлегоа во израелскиот воздушен простор“, објавија ИДФ, без да соопштат повеќе детали.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
