Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп во деветминутно телефонско интервју за Cи-Ен-Ен изјави дека американската војска го „разбива“ Иран, но предупреди дека „големиот бран“ допрва доаѓа. Во изјава за „Њујорк пост“, тој ја остави отворена можноста за испраќање американски трупи на иранска територија „доколку е потребно“.
Трамп порача дека не е загрижен од анкетите што покажуваат незадоволство во американската јавност поради нападите.
– Немам трема кога станува збор за копнени трупи, како што вели секој претседател: „Нема да има чизми на тлото“. Јас не го велам тоа. Велам дека веројатно нема да ни бидат потребни, освен ако се покажат како неопходни – изјави Трамп за „Њујорк пост“.
Во интервјуто за Си-Ен-Ен оцени дека операциите се одвиваат успешно.
– Мислам дека оди многу добро. Многу е моќно. Ја имаме најголемата војска во светот и ја користиме – рече тој.
Трамп се осврна и на можната должина на конфликтот, наведувајќи дека не очекува тој да трае долго.
– Не сакам да трае предолго. Секогаш мислев дека ќе бидат четири недели. И сме малку пред распоредот – изјави американскиот претседател.
На прашањето дали САД преземаат чекори и надвор од воената акција за да му помогнат на иранскиот народ, Трамп одговори дека такви активности постојат, но предупреди на безбедносните ризици.
– Да, навистина. Но, во моментов сакаме сите да останат внатре. Надвор не е безбедно – рече тој, додавајќи дека ситуацијата наскоро може дополнително да се влоши.
– Сè уште не сме почнале силно да удираме. Големиот бран сè уште не дошол – нагласи Трамп.
Според него, најголемо изненадување досега била одмаздата на Иран против арапските земји во регионот — Бахреин, Јордан, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати.
– Бевме изненадени. Им рековме: „Го имаме ова“, а сега сакаат да се борат. И се борат агресивно… Во последните преговори, Иранците не беа подготвени да ни го дадат она што го побаравме – изјави Трамп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
