Топ Вести - Слушај сега
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху смета дека политичкиот хаос и нестабилност во Иран, по смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, би можеле да бидат во корист на израелските интереси, дури и ако во Техеран не се воспостави пријателски режим, истакнуваат аналитичарите.
– Нетанјаху со години беше главниот иницијатор на воените акции и саботажи против нуклеарната програма на Иран и неговите верски власти, но, сега по смртта на Хамнеи, тој е поблиску до остварување на својата најголема политичка амбиција – неутрализирање на иранската закана – наведува бриселскиот портал Политико.
Според порталот, израелскиот план „за денот потоа“ во голема мера се потпира на среќата и храброста на милиони Иранци.
Нетанјаху во саботата вечерта ги повика Иранците да се „ослободат од тиранијата“ и да ја искористат можноста и да ја соборат диктатурата. Иста стратегија има и американскиот претседател Доналд Трамп, Иранците сами да си ја вратат земјата.
Според поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, Нетанјаху и Трамп не претставиле план туку само оптимизам.
„Биби сакаше војна, а Трамп сакаше да направи нешто исклучително. Но, не гледам никаков план освен надеж за уривање на власта“, посочи Олмерт за Политико.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
