Background

Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив

Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив.

Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе биде укинато од 5 март, пренесува Ројтерс.

Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во иранските води, како и во Персискиот Залив и соседните води.

Јапонската осигурителна група MS&AD изјави за Ројтерс дека привремено суспендирала низа полиси за осигурување кои покриваат воени ризици во водите околу Иран и Израел, како и соседните земји.
- Advertisement -
Ad image

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако американските и израелските сили започнаа напади врз Иран за време на викендот, по што Техеран ја затвори пловидбата низ Ормускиот Проток, клучна точка за глобалниот транспорт на нафта и гас.

Неколку сопственици на танкери, големи нафтени компании и трговски куќи од тогаш ја запреа испораката на сурова нафта, гориво и течен природен гас преку теснецот, а сателитските податоци покажуваат дека бродовите се собираат во близина на клучни пристаништа во Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџеира.

Податоците за следење на бродови од вчера покажуваат дека најмалку 150 танкери се закотвени во отворените води зад Ормускиот Проток.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖