Background

Иран рано утрово повторно ги нападна Обединетите Арапски Емирати, популарна туристичка дестинација, при што неколку експлозии одекнаа во Дубаи

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Иран рано утрово повторно ги нападна Обединетите Арапски Емирати, популарна туристичка дестинација, при што неколку експлозии одекнаа во Дубаи, јавува Ројтерс.

- Advertisement -
Ad image

Нападите доаѓаат откако САД и Израел вчера извршија напади врз Иран, по што Техеран започна жестока ракетна одмазда кон американските бази на Блискиот Исток, а меѓу целите на овој невиден хаос се најдоа Дубаи и Абу Даби.

 

 

Чад се шири рано утрово во Дубаи

Си-Ен-Ен известува за нов бран напади низ Блискиот Исток. Во недела наутро Иран лансирал дронови и ракети кон Израел, Катар, Бахреин и Ирак, а Дубаи повторно бил погоден. Во градот се повредени две лица, а меѓународниот аеродром повторно бил цел на напад.

 

 

Сирени за воздушен напад во Доха и Дубаи

Експлозии и сирени за воздушен напад повторно се слушнале доцна вечерта во Доха и Дубаи, пренесува Си-Ен-Ен.

Најголемата американска воздухопловна база на Блискиот Исток — Ал Удеид во Катар — исто така била цел на ирански ракетен напад.

 

 

Иран го нападна аеродромот во Дубаи

Најдраматична била ситуацијата на меѓународниот аеродром во Дубаи, кој бил погоден за време на иранските напади врз САД и Израел. Во тој инцидент најмалку четири лица биле повредени. Македонски државјани во Дубаи синоќа добиле итно предупредување за можни напади.

Од владината канцеларија соопштиле дека аеродромот претрпел „мала штета“ и дека ситуацијата е ставена под контрола.

 

 

Ракети летаат над луѓето на базенот

Најмалку пет силни експлозии, од кои четири биле исклучително моќни, одекнале во Дубаи во текот на вчерашниот ден. Системите за воздушна одбрана веднаш биле активирани, а драматични снимки ги преплавија социјалните мрежи.

На нив се гледаат туристи во костими за капење како лежат покрај базен, додека ракети летаат над нивните глави и оставаат траги од чад на небото.

Покрај туристичките области, видео од новинар на Си-Ен-Ен покажува густ чад што се издига од зона во близина на пристаништето Џебел Али — еден од најважните глобални логистички центри. Иако во самиот Дубаи нема познати американски воени објекти, стравот и паниката го зафатиле целиот град.

 

 

Чад над Бурџ Калифа и итна евакуација

На социјалните мрежи се појавија и снимки од ракети што го сечат небото над Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Според непотврдени извештаи, поради сериозни безбедносни стравувања била започната евакуација на овој симбол на Дубаи.

Цивилниот и туристичкиот сектор претрпеле најгол удар. Меѓународните аеродроми во Дубаи (DXB и DWC) се целосно парализирани и ги суспендирале сите летови на неодредено време. Илјадници летови кон Европа, Азија и Америка се откажани или пренасочени, а стотици патници останале заглавени во терминалите.

 

 

Властите упатија итен апел патниците да не се упатуваат кон аеродромите до понатамошно известување.

Во меѓувреме, ракета го погодила и Палм Џумеира — познатиот вештачки остров во Дубаи.

 

 

Смртни случаи и во Абу Даби

Додека Дубаи се справуваше со прекините на летовите и паниката на улиците, уште потрагични вести пристигнаа од соседниот Абу Даби.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation