Background

Авганистан и Пакистан повторно се во војна, разменувајќи оган по нивната сурова и тешко проодна граница, долга 2.600 километри

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Авганистан и Пакистан повторно се во војна, разменувајќи оган по нивната сурова и тешко проодна граница, долга 2.600 километри. Доцна синоќа, талибанските сили започнаа напади врз пакистански позиции долж границате, кои ги опиша како одмазда за пакистанското бомбардирање од минатата недела. Пакистан одговори со воздушни удари врз Кабул, југоисточната покраина Пактија и Кандахар, како и други милитантни кампови во Авганистан. Двете страни дадоа различни бројки за жртвите.

- Advertisement -
Ad image

Пакистан тврди дека се убиени 133 талибански борци, додека Авганистан вели дека осум негови војници се убиени. Овие бројки не можат да бидат независно потврдени.

Тоа е најновата ескалација во долготрајниот конфликт помеѓу моќната и нуклеарно вооружена армија на Пакистан против авганистанските талибански борци со децениско воено искуство, но со слабо и лесно вооружување.

Од сојузници до лути непријатели

И покрај блиските економски и културни врски, двете земји имаат сложена историја. Во октомври ланиимаа најсмртоносен судир во последниве години, по што беше воспоставен кревок прекин на огнот. Овие ескалации стивнаа по неколкудневни борби, со посредство на земји како Саудиска Арабија, Турција, Катар, па дури и Иран.

Откако силите на НАТО ги соборија Талибанците во 2001 година, Пакистан стана еден од нивните главни спонзори. Талибанските борци најдоа засолниште преку границата во Пакистан и поддршка за бунт против владата во Кабул, која беше поддржана од САД.

Но, по повлекувањето на американските сили и враќањето на Талибанците на власт во 2021 година, Пакистан се соочи со пораст на исламистичкото насилство. Исламабад за голем дел од ова насилство ги обвинува пакистанските Талибанци и тврди дека Кабул им обезбедува засолниште, што авганистанските Талибанци го негираат.

Сузбивање на „извозот на тероризам“

Според податоците на пакистанската војска, повеќе од 1.200 луѓе, вклучувајќи војници и цивили, биле убиени во милитантни напади низ целата земја во 2025 година, што е двојно повеќе од бројот во 2021 година.

Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, го обвини Авганистан дека ги собира „сите терористи од светот“ и „извезува тероризам“, додека на сопствениот народ му ги негира основните човекови права.

„Нашето трпение е исцрпено. Сега има отворена војна меѓу нас и вас“, напиша министерот Асиф на социјалните мрежи.

Битка меѓу Давид и Голијат

Аналитичарите предупредуваат дека понатамошната ескалација би можела дополнително да го дестабилизира регионот. Според Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS) во публикацијата „Воена рамнотежа 2025“, разликата во воената сила на двете земји е значителна.

Пакистанската војска е меѓу најмоќните во светот и има софистициран одбранбен систем што вклучува копнени, воздушни и поморски сили. Има околу 660.000 активни војници, заедно со речиси 300.000 припадници на паравоени и воени полициски единици. Пакистан има современ арсенал, вклучувајќи американски борбени авиони Ф-16, француски Мираж и ЈФ-17, кои ги произведува во соработка со Кина.

Авганистан, од друга страна, има единствена талибанска структура со помалку од 200.000 луѓе. Нема функционални воздухопловни сили, туку се потпира на неколку застарени советски хеликоптери и транспортни авиони, како и беспилотни летала. Сепак, иако немаат тешко вооружување како Пакистан, Талибанците имаат богато искуство во герилско војување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation