Топ Вести - Слушај сега
Четворицата обвинети бизнисмени, поврзани со компанијата „Интелекса“ и шпионскиот софтвер Предатор, се прогласени за виновни во судскиот процес за скандалот со прислушувањата во Грција од 2022 година и на секој од нив изречена му е вкупна казна затвор од 126 години и 8 месеци, но ќе одлежат 8 години, што е горната граница за прекршоци.
Станува збор за основачот на компанијата, Израелецот Тал Дилиан, неговата бизнис партнерка Сара Александра Хаму, поранешен заменик-администратор и акционер во „Интелекса“, Феликс Бизиос и Гркот Јанис Лавранос, чија компанија „Крикел“ го купила шпионскиот софтвер Предатор.
Судот пресуди дека четворицата се прогласени за виновни за обвиненијата со кои се товарат, односно дека дејствувале заеднички и извршиле: незаконски пристап до комуникациски систем или податоци, прекршување на законите за приватност и заштита на податоците, како и нарушување на тајноста на телефонската комуникација.
Скандалот излезе на виделина на крајот на јули 2022 година, кога претседателот на ПАСОК, Никос Андрулакис поднесе пријава до Врховниот суд на Грција за обид неговиот мобилен телефон да биде следен со софтверот Предатор, а десетина дена подоцна соопшти дека бил прислушуван и од Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) за време на изборите за лидер на партијата (во 2021 година).
Дополнително беше објавено дека со истиот софтвер бил следен и прислушуван и грчкиот новинар Танасис Кукакис во периодот од 12 јули до 24 септември 2021 година, кога истражувал теми поврзани со перење пари, незаконски банкарски трансакции и со корупција.
Истражувањата на медиумите во Грција тој период открија дека десетици лица биле таргетирани преку своите мобилни телефони, меѓу кои министри, високи воени и судски функционери, новинари и бизнисмени и дека софтверот Предатор е развиен од македонската компанија „Сајтрокс“, што подоцна стана дел од израелската „Интелекса“.
За скандалот во 2022 година оставки си поднесоа директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) Панајотис Кондолеон и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадисм кој е роднина и близок соработник на Мицотакис.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
