Топ Вести - Слушај сега
Просечната цена на струјата на унгарската HUPX берза за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, додека на македонската берза МЕМО 41,27 евра за мегават час, соопшти компнаијата ЕДС Инфо Поинт.
„Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 61,42 евра за мегават час, а на MEMO 0,96 евра.
Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 101,47 евра за мегават час.
Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 32,85 евра, додека цената според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 30,49 евра“.
ЕДС Инфо Поинт порачува дека информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
