Топ Вести - Слушај сега
Седум лица се уапсени во голема полициска акција во Србија под сомнение дека презамале, чувале и разменувале фотографии од сексуална злоупотреба на деца. Операцијата „Армагедон“ открива дека осомничените користеле илегални сајтови на интернет, таканаречената темна мрежа или дарквеб.
При претресите, полицијата пронашла неколку гигабајти фотографии и видеа на електронски уреди. Материјалот прикажувал злоупотреба на деца на возраст од 4 до 14 години. Истражителите навеле дека датотеките биле систематизирани по возраст, пол и други параметри.
Уапсени се Б. Ф. 1969, П. М. 2002, Д. Н. 1988, Б. Р. 1954, С. С. 1962, П. С. 1962 и М. О. 1982.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа. Тие ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство со кривична пријава за прикажување, стекнување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетно лице за порнографија.
Акцијата ја спровеле припадници на Министерството за внатрешни работи Србија, Службата за борба против високотехнолошки криминал, во координација со Специјалното одделение на Вишото јавно обвинителство во Белград. Полициски тимови дејствувале во Белград, Сомбор, Ниш и во Нови Сад.
„Нема да се толерира никаква форма на злоупотреба на деца“, порачуваат од Минисерството за внатрешни работи на Србија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
