Background

Што покажало истражувањето спроведено на 22 милиони луѓе?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Студија која ја поврзува менталната здравствена состојба со ризикот од срцев удар опфатила неверојатни 22 милиони луѓе, што ја прави една од најобемните досега направени на оваа тема.

- Advertisement -
Ad image

Анализата, објавена во престижното списание JAMA Psychiatry, го потврдува она што долго време се претпоставуваше – менталните нарушувања не се само „работа на главата“, туку претставуваат директен ризик-фактор за срцето.

Споредени неколку клинички ментални нарушувања со ризикот од акутен коронарен синдром

Катедрата за медицина при University of Calgary спровела анализа во која неколку клинички ментални нарушувања биле споредени со ризикот од акутен коронарен синдром – поим што ги опфаќа срцевиот удар и болката во градите поради намален проток на крв во срцето, состојби кои се сметаат за итни.

Депресивното нарушување, анксиозните нарушувања, посттрауматското стресно нарушување и нарушувањата на спиењето покажале зголемен ризик во обединетите проценки.

Исхемичната срцева болест е меѓу најчестите причини за смртност во светот. Познато е дека третманот на кардиоваскуларните ризик-фактори ја намалува смртноста, но менталните нарушувања често се преклопуваат со традиционалните ризици како хипертензија, дијабетес, дислипидемија и метаболички синдром. Како можни дополнителни фактори се наведуваат и хроничните воспалителни состојби и засилените физиолошки реакции на стрес.

Кои нарушувања носат најголем ризик?

Во студијата „Менталните нарушувања како фактор на ризик за акутен коронарен синдром“, истражувачите пребарувале бази како MEDLINE, Embase и PubMed за трудови што ги анализираат менталните нарушувања дијагностицирани пред појава на акутен коронарен настан.

Резултатите се загрижувачки:

Посттрауматско стресно нарушување (ПТСП) – лицата со оваа дијагноза имаат речиси трипати поголем ризик од срцев удар.

Инсомнија и нарушувања на спиењето – поврзани се со околу 60% повисок ризик од срцеви проблеми.

Анксиозни нарушувања – го зголемуваат ризикот за 63%.

Депресија – иако често се споменува, во оваа студија е поврзана со 40% повисок ризик, што и понатаму претставува значаен фактор.

Злоупотреба на супстанци – лицата со вакви проблеми имаат двојно поголем ризик во споредба со општата популација.

Како менталното здравје „удира“ на срцето?

Научниците објаснуваат дека врската меѓу менталното здравје и срцевиот удар не се сведува само на лоши навики, како пушење или физичка неактивност кај депресивните лица. Поврзаноста има и биолошка основа:

Хронична воспалителна состојба – менталниот стрес предизвикува воспалителни процеси кои ги оштетуваат крвните садови.

Хормонален дисбаланс – постојано покачените нивоа на кортизол и адреналин го држат срцето во состојба на „постојана готовност“, што го исцрпува срцевиот мускул.

Променет физиолошки одговор – кај анксиозноста и ПТСП, зголемениот пулс и крвниот притисок стануваат хронична, а не моментална реакција.

Пораката на истражувачите: скринингот за ментално здравје да стане рутина

Главната порака од студијата е дека проценката на менталното здравје треба да стане дел од рутинските кардиолошки прегледи.

Менталните нарушувања не се само емоционална болка. Поради ваквото внатрешно „молчење“ се создава реален биолошки притисок врз срцето, кој со текот на времето доведува до физичко разболување. Раното препознавање на проблеми како траума, анксиозност или нарушувања на спиењето е подеднакво важно за превенција на инфаркт како и контролата на холестеролот.

Истражувачите нагласуваат дека кардиолозите, матичните лекари и психолозите треба тесно да соработуваат за да се намали стапката на смртност од срцеви заболувања – кои и понатаму се водечка причина за смрт во светот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation