Топ Вести - Слушај сега
По енергичниот фестивалски настап во Сиднеј во рамки на својата турнеја насловена како Титс аут (Градите надвор), американската поп-пејачка и текстописец, Кеша (Роуз Шеберт), судејќи по фотографиите кои ги објавија сите светски медиуми, одлучила да ја заврши вечерта далеку од сцената и рефлекторите – во брановите, на позната австралиска плажа. Наводно, сите биле изненадени поради тоа што таа била топлес.
Наводно, американската поп-ѕвезда Кеша ги изненадила своите обожаватели по нејзиниот настап во Австралија, затоа што наместо да се опушти во својата хотелска соба, ја завршила вечерта со полноќно пливање на познатата плажа Бонди во Сиднеј.
Во опуштено издание и видливо расположена, 38-годишната пејачка скокнала во брановите, но се чини дека во брзањето не го понела горниот дел од костим за капење со себе. Папараците ја снимиле додека излегувала од водата, завиткана само во пешкир, а фотографиите брзо ги обиколија светските медиуми.

Пејачката, позната по својата неконвенционалност и слободен дух, воопшто не изгледа загрижена за ситуацијата. Покрај тоа, таа ја задржала насмевка на лицето додека одела боса по брегот во друштво на пријатели и соработници.
Кеша и претходно покажа дека ги сака спонтаните собири и опуштената атмосфера по концертите, а нејзиното вечерно излегување на плажата е само уште еден доказ дека живее според свои правила. Овој потег го потврди нејзиниот имиџ на ѕвезда на која не ѝ е премногу грижа за строгите правила – и остава впечаток каде и да се појави.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
