Топ Вести - Слушај сега
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се појавил на граничниот премин Блаце, и веднаш бил лишен од слобода и приведен за понатамошно постапување.
Артан Груби, поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека Лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
Но тоа не е единствениот криминал во Лотарија. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.
Со Одлука на Влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Димитар Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2.
Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.
Tagged as:
Утрово МВР го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
