Топ Вести - Слушај сега
Кичево–Охрид, 12 години подоцна — приказна за пари, моќ и систематска неказнивост
Постојат споменици на величина и постојат споменици на корупција. Македонија доби второто — облечено во асфалт, вкопано во карпа, и платено со пари кои ги нема.
На денешен ден, пред точно дванаесет години, со помпа, знамиња и свечени говори, официјално започна изградбата на автопатот Кичево–Охрид. Тогашната власт го претстави како цивилизациски скок, врска помеѓу западот и југозападот на земјата, инфраструктурен сон кој конечно се остварува. Реалноста која следеше беше нешто сосема друго — финансиска катастрофа со размери кои немаат преседан не само во регионот, туку во целата континентална Европа.
Зборуваме за делница долга приближно 57 километри. Зборуваме за почетна договорена цена која набрзо прерасна во анекси, прелевања и ревизии. Зборуваме за финален сметки кој оваа делница ја прогласи за најскапа автопатска делница по километар во историјата на Европа — поскапа од тунелите низ Алпите, поскапа од најсложените инфраструктурни зафати во Германија, Франција или Шпанија.
Цената по метар квадратен асфалт на овој пат стана апсурдна математичка константа со која економистите и новинарите сè уште се мачат да ја објаснат на обичниот граѓанин. Не затоа што граѓанинот не разбира бројки — туку затоа што бројките одат надвор од рамките на здравата логика.
Терен планински — да. Тунели — да. Мостови — да. Но Швајцарија гради низ Алпите. Норвешка гради низ фјордови. И ниеден нивни метар не чини колку нашиот.
Изградбата ја доби Sinohydro — кинеска државна градежна компанија позната по освојување договори низ земји во развој, честопати во пакет со кредитни аранжмани кои домаќинската страна ги отплаќа со децении. Договорот беше склучен со минимална транспарентност, без соодветна јавна дебата, во услови каде институциите за јавни набавки функционираа како украсен печат на извршната власт.
Паричниот тек течеше. Анексите се множеа. Роковите паднаа. Делницата денес — делумно завршена, делумно во употреба, со делови кои и понатаму зјаат недовршени — е живото сведоштво за тоа како еден проект може да биде инструмент на системска пљачка облечена во државен интерес.
А државата? Платила. Платила повеќе пати. Платила за работа која не е направена, за асфалт кој пукна, за мостови чија документација беше доведена во прашање. Платила со кредити кои граѓаните ги отплаќаат секој месец, додека молчат или бегаат од земјата.
Ова е можеби најбруталниот дел од приказната. Не градежниот скандал — туку она што дојде потоа.
Ништо.
Ниту еден обвинителски акт со правосилна пресуда. Ниту еден извршен директор во затвор. Ниту еден државен службеник кој потпишал анекс или одобрил исплата, кој седи пред судија и одговара. Истрагите почнуваа и исчезнуваа. Извештаите за ревизија завршуваа во фиоки. Менувањата на власти носеа ветувања за правда — а потоа тишина.
Дванаесет години. Три влади. Барем два целосни политички циклуси. И ниту еден виновник зад решетки.
Македонскиот граѓанин научи нешто горчливо во овие дванаесет години: дека размерот на кражбата е директно пропорционален со шансата за некажнивост. Мали кражби — затвор. Големи — пензија.
Ова не е цинизам. Ова е документирана реалност.
Поранешна власт ја започна авантурата. Наредните ја наследија,сегашните во нови ветувања. Никој не сака да ја затвори — затоа затворањето би значело признавање, а признавањето би значело одговорност.
Па така, автопатот Кичево–Охрид останува отворена рана. Симбол не на поврзаност, туку на откинатост — на граѓаните од институциите, на правдата од моќта, на парите од намената за која биле зедени.
Дванаесет години. Најскап асфалт во Европа. Нула осуди.
Некој треба да го запише ова. Не за историјата — историјата го знае. Туку за оние кои сè уште мислат дека е случајност.
Не е случајност. Никогаш не беше.
Кога се чаталевме дека пишувале историја:
Сашо Денесовски
Tagged as:
Автопатот до никаде: Дванаесет години срам по километар автопатот Кичево – Охрид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
