Топ Вести - Слушај сега
Случајот со 6 жртви кој в.д. главниот државен обвинител на Бугарија го нарече „почуден од Твин Пикс“ добива разрешница. Бугарската полиција и обвинителството на брифинг јавно ја потврдија верзијата дека дел од мртвите извршиле самоубиство.
Беа презентирани 6 снимки од надзорните камери од последните три дена пред трагедијата кај Петрохан и под врвот Околчица. Дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушале истрели во самата колиба. Се гледал и пожар во објектот. На 2 февруари повеќе немало траги од луѓе и од возила во периметарот.
Властите потврдиле дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство. За телата, пак, откриени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ утврдиле убиство проследено со самоубиство, јавил „Њуз.бг“.
Случјот предизвика бран теории на заговор и шпекулации и доминираше во вестите во Бугарија повеќе од две недели. Локалните власти го опишаа како кривично дело „без преседан во земјата“.
На дел од видеата се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнување и заминување на џипови што ги користеле. Кадрите прикажувале и ритуал, во кој учесниците клекнувале и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.
Откако беше објавена веста за откривањето на телата, вршителот на должноста главен обвинител, Борислав Сарафов, се обрати до медиумите и рече дека активностите на таа невладина организација „не се чист бизнис“.
Кога еден новинар забележа дека она што го кажува Сарафов звучи како „секташка мрежа што вклучува педофилија“, главниот обвинител одговори: „Добро ме разбравте“.
„Понекогаш животот претставува уште почудни околности од оние во Твин Пикс“, рече тој.
Коментарите, за кои првично немаше никакви докази, ја отворија Пандорината кутија со шпекулации за невладината организација, вклучително и тврдења дека станува збор за паравоена организација или дури и за будистички култ.
А потоа, шест дена подоцна, на 8 февруари, шпекулациите се разгореа уште повеќе кога трите исчезнати лица беа пронајдени мртви во кампер на врвот Околчица, на околу 80 километри од првото место на злосторството.
Главната хипотеза на истражителите беше дека имало четири самоубиства и две убиства. Поголемиот дел од шпекулациите се вртат околу Ивајло Калушев, раководителот на НАЦПТ. Калушев бил спелеолог и ренџер, кој работел во Бугарија и Мексико.
Со членовите на организацијата, тој патролирал по планините во западна Бугарија, барајќи ловокрадци, нелегална сеча и можни трговци со луѓе.
Шефот на бугарската криминалистичка полиција потврди дека властите претходно соработувале со Калушев и неговиот тим.
Иако Калушев и другите членови на групата легално поседувале неколку оружја, властите ги отфрлаат тврдењата дека НАЦПТ дејствувала како паравоена организација.
Калушев бил будист и примал деца во својата колиба со согласност на родителите. Таму учеле за спелеологијата и живееле во заедница, со духовни обреди. Во многу случаи, децата престанале редовно да одат на училиште и почнале да живеат во колиба.
По неговата смрт, маж кој ја посетувал оваа „обука“ како малолетник јавно изјавил во интервју за истражувачкиот портал Бирд дека Калушев сексуално ги злоупотребувач момчињата и дека тој го пријавил тоа на властите во 2022 година.
Сепак, неговата мајка тврди дека лаже. Во интервју за ЈуТјуб каналот Дневен ред, таа признала дека му дала големи суми пари на Калушев, кој го сметала за „духовен водач“.
Контрaдикторните наводи за тоа колку чаури биле пронајдени на местото на првото злосторство, заедно со објавените снимки од надзорните камери на кои се гледа како групата заминува на 1 февруари, дополнително ги поттикнаа теориите на заговор за вмешаност во убиствата на нарко-картелите или дури и на државните структури.
За ниту едно од тие тврдења не се презентирани официјални докази.
Невладината организација е пријавена до надлежните институции неколку пати во последните четири години. Најмалку еден извештај содржел тврдења дека Калушев извршил сексуални дејствија или „блудни дејствија“.
Ништо не се случило – немало детална истрага. Според достапните сведоштва на луѓе од кругот на Калушев, информациите за пријавите подоцна стигнале и до него, што го навело да се посомнева дека нивниот можен извор е во самата организација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
