Топ Вести - Слушај сега
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис форум, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).
Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.
– Процесот на именување и пополнување на местата на шефови на дипломатско конзуларни претставништва согласно Законот за надворешни работи го координирам јас, но целокупниот процес значи координација со претседателката на државата и со претседателот на Владата. По остварена таква координација со претседателката на државата и со претседателот на Владата, на последната седница на Влада можам да потврдам точно е дека предложив повеќе имиња, како министер за надворешни работи и надворешна трговија, за пополнување на повеќе места на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва – рече Муцунски.
Тој посочи дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори и генерални конзули се професионални дипломати од редот на вработените во МНРиНТ со богата дипломатска кариера од повеќе од 20 години, и како што нагласи „тоа се врзува со нашата заложба која почна со измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи“.
– Бидејќи сакам да ја потсетам македонската јавност дека повеќе од 20 години голем дел од моите претходници зборуваа за потребата од професионализација на дипломатската служба. Но оваа Влада е првата Влада којашто направи конкретен исчекор во таа насока и ние го сменивме законот за надворешни работи најмалку 50 проценти од шефовите на ДКП-та да бидат амбасадори од професионалниот состав на Министерството за надворешни работи, а во пракса одиме со над 60 проценти и тоа се гледа по последната група да бидат, и тоа се гледа по последната група именувања – рече Муцунски.
Тој додаде дека поради фактот што оваа информација е од класифициран карактер не би можел да ги потврди имињата, но по добивање на агреманите и отпочнување на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите да ги одбранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Владата на седницата во вторникот одобрила список од деветмина нови амбасадори и двајца генерални конзули, во Стокхолм, Букурешт, Приштина, Лондон, Хаг, Стразбур, Софија, НАТО и Софија, како и генерални конзули во Солун и во Мелбурн.
За амбасадор во Шведска е предложен Мухарем Јусуфи, кадар од МНРиНТ, додека Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања заминува за амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел.
Поранешниот амбасадор во Украина Крум Ефремов е предложен за амбасадор во Софија, во Романија е предложен Габриел Атанасов од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а за амбасадор во Приштина е предложена Катерина Тодоровска.
Линда Салиеска Иљазоска од МНРиНТ е предложена за позицијата амбасадорка во Хаг, додека Илина Мангова која доаѓа од невладиниот сектор е предложена за амбасадорка во Лондон. Светлана Гелева е предложена за втор мандат во Советот на Европа во Стразбур. На листата се споменуваат и две имиња за генерални конзули – Томислав Димитровски во Солун и Александар Крстевски во Мелбурн, и двајцата кадар од МНРиНТ.
Tagged as:
Се менува сликата за дипломатските претставници на Македонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
