Background

Калин Ивановски му донесе победа на својот универзитет

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на Зимското првенство на САД. Триумфот во финалето беше всушност реванш за поразот во првиот дел од шампионатот од овој тим на 29.јануари кога загубија со 4:1.

- Advertisement -
Ad image

Што се однесува до настапот на Ивановски тој во финалниот меч по голема борба го совлада Престон Стринс со 2:0 во сетови (75 64). Калин ја донесе и клучната победа за својот Универзитет.

Македонскиот тенисер за својот тим донесе исклучително важни поени и во полуфиналето против Бејлор Универзитет кога со 2:1 во сетови (36; 62 и 63) го совлада Сомбор Велч, како и во четвртфиналето кога го совлада Роланд Де Равел од ТСУ Универзитетот со 2:1 во сетови (36; 63 и 63). Претходно Ивановски имаше и порази од Стринс (Охајо) и Арјан Шах (Вејк Форест) и победа против Елијах Чам од Јужна Флорида. Инаку поразот од Стринс од Охајо (29.јануари) беше поради повреда каде Калин го предаде мечот што беше и пречка да настапи за Дејвис куп репрезентацијата на Македонија на почетокот на февруари.

Покрај сингл мечевите Ивановски имаше настапи и во конкуренција на двојки каде настапуваше со Абел Форже.

Ова за неговиот Универзитет е прва титула откако претходното финале пред две години го загубија.

За Ивановски ова беше дебитански настап за Тексас Универзитетот. Тој за својот Универзитет ќе настапува до крајот на натпреварите во САД (завршуваат во месец мај), а потоа ќе има можност да настапува и на турнири од АТП и ИТФ серијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation