Background

Костадиновска-Стојчевска: Поддршка за работниците, заслужуваат поголеми плати!

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

🎙️ „Работниците имаат право да бараат повисоки плати и нивните протести заслужуваат максимална поддршка, не само од опозицијата, туку и од власта, затоа што сме една од земјите во регионот со најниски примања, а инфлацијата оди само нагоре“, рече пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Костадиновска-Стојчевска нагласи дека трошоците за живот и сметките постојано растат и дека е неопходно зголемување на минималната плата. Таа посочи дека СДСМ двапати поднесе предлог закон за минималната плата да изнесува 660 евра, за што власта одби.
„Двапати бевме одбиени, еднаш кога законот беше ставен на гласање и вторпат кога не беше ставен на дневен ред со образложение дека материјалот не стигнал навреме. Има мерки со кои Владата, ако сака, може да им помогне на работодавачите и на бизнис-заедницата полесно. Но, наместо тоа, сведоци сме како се користат етикети кон синдикалните претставници кои ги бараат своите права“, истакна Костадиновска-Стојчевска.
Таа потсети дека во 2018 година минималната плата изнесувала околу 8.000 денари, а денес изнесува околу 24 – 25.000 денари, и тоа е зголемување во време на владеењето на СДСМ.
„Во претходниот мандат донесовме закон и методологија за зголемување на минималната плата и политичка одлука со која таа значително се зголеми. И покрај реакциите во минатото, немало отпуштања поради зголемувањето на минималната плата. Никој не отпушти ниту еден работник. Владата не може да каже: ’Вие договорете се, ние ќе испочитуваме‘. Ако се договори двојно повисока минимална плата, дали тогаш Владата ќе го испочитува тоа?“, праша Костадиновска-Стојчевска.
Осврнувајќи се на состојбите во повеќе сектори, таа посчи дека платите во образованието и во здравството ги зголеми претходната Влада. Платите во културата се зголемија во 2020 година со потпишување на колективен договор, а тој договор минатата година првпат не беше почитуван.
„Не се сеќавам на зголемување на платите пред 2016 година, а не се сеќавам ниту на вакво грубо кршење на барањата на работниците, на барањата за минимална плата, на неисплаќање плати и на повикување на уставноста на сите колективни договори само затоа што треба да се зголемат платите согласно потпишаните договори“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation