Background

Јадранската цевка станува клучна рута, ќе има ли „Дружба“?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министри од Загреб и од Будимпешта влегоа во отворена полемика околу транзитот на руска нафта преку ЈАНАФ. Хрватска го одби барањето од Унгарија и од Словачка за транспорт на руска сурова нафта преку јадранскиот нафтовод, повикувајќи се на европските правила и на сопствените енергетски интереси.

- Advertisement -
Ad image

Унгарија пак, возврати дека не бара услуга, туку почитување на правилата на ЕУ.

Правилата дозволуваат, Хрватска не дозволува

Малата „војна“ меѓу Загреб и Будимпешта доаѓа откако Будимпешта обвини дека Киев го блокирал транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, пишува „Јутарни лист“ во опсежна анализа.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто објави дека Украина, од политички причини, го блокирала транзитот. Тој порача беше дека безбедноста на снабдувањето не смее да биде жртва на политика.

Унгарската страна тврди дека европските правила дозволуваат увоз по морски пат во вакви околности и дека ЈАНАФ е инфраструктура изградена токму за такви ситуации.

Со години тврдеа дека ЈАНАФ нема капацитет, а сега…

Хрватскиот министер за економија Анте Шушњар возврати дека инфраструктурата не се менува преку ноќ и дека наративите знаат да се менуваат. Шушњар потсети дека со години од Будимпешта се тврдеше дека ЈАНАФ нема доволен капацитет и дека тарифите се високи.

Сега, истиот нафтовод се бара како решение.

Хрватск се повкува на почитување на европските санкциски рамки и на сопствената стратегија за енергетска диверзификација.

Профит за МОЛ, но не и за Хрватска?

Во позадина на битката меѓу Загреб и Будимпешта стои и МОЛ, унгарската нафтена компанија со значајно присуство во регионот. Компанијата остварила повисоки приходи во услови на поевтина руска сурова нафта, што дополнително ја политизира темата.

Профитабилноста на евтината нафта не секогаш се прелева директно кон потрошувачите, што отвора дополнителни прашања околу економската логика зад барањето.

Европска или финансиска дилема?

Правилата на Европската Унија дозволуваат одредени изземања за снабдување по морски пат. Прашањето е како тие да се применат без да се наруши заедничката политика кон Русија.

Хрватска има сопствени интереси во ЈАНАФ како стратешка инфраструктура. Намалување или зголемување на протокот носи финансиски последици за компанијата и за буџетот.

Орбан под притисок пред изборите

Спорот се случува во чувствителен период. Во Унгарија претстојат парламентарни избори. Во Хрватска коалициските односи се под притисок.

Енергетската политика стана дел од поширока геополитичка и внатрешнополитичка пресметка. Одлуките што ќе се донесат ќе имаат последици не само за двете земји, туку и за регионалната енергетска стабилност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation