СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал: Како 5 тони дрога помина преку граница?
Топ Вести - Слушај сега
18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал: Како 5 тони дрога помина преку граница?
И после 18 дена нема одговор на најголемиот нарко скандал во Македонија и во целиот регион, како 5 тони дрога помина преку македонската граница?
Над 65 илјади камери, скенери, гранични контроли, полиција, царина, а никој ништо не знае 18 дена.
Како може да нема одговорност од никој за шверц на огромна количина дрога, вредна околу 40 милиони евра?
Може само ако скандалот води до врвот на власта која што се обидува да го заташка и тоа веќе на сите им е јасно.
Се обидоа и со дефокус за наводно 40 тони запленета нелегална марихуана да побегнат од одговорите и уште повеќе се заглавија.
Ако се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, вината е исто така во врвот на владата и институциите кои ги води тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Не контролирале, ништо не презеле и тоа го дозволиле.
Ако навистина се произвела нелегална марихуана од 40 тони, одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите.
СДСМ нема да дозволи најголемиот нарко скандал да се заташка. Сите ќе одговараат.