Background

АНГЕЛА МЕРКЕЛ СЕ ВРАЌА ВО ГЕРМАНСКАТА ПОЛИТИКА?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Некогашната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да се врати на политичката сцена како кандидатка за сојузна претседателка во 2027 година, пишуваат германските портали „Билд“ и „Фокус“. Според написите, оваа гласина предизвикала силни реакции во јавноста и вознемиреност во редовите на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

- Advertisement -
Ad image

Иако засега нема официјална потврда ниту од ЦДУ, ниту од други партии, шпекулациите добиле тежина бидејќи некои кругови – особено од редовите на Зелените и делумно од социјалдемократите (СПД) – ја гледаат Меркел како можно обединително лице во време на сѐ подлабоки политички поларизации.

Меркел е во пензија од 2021 година, но нејзиното политичко влијание и симболична тежина остануваат силни. Односите меѓу Меркел и актуелниот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) се одамна нарушени – Меркел го маргинализираше Мерц во почетокот на 2000-тите, а откако тој ја презеде партијата, ја помести десно од центристичките позиции по кои таа беше препознатлива.

Идејата Меркел да стане претседателка доаѓа во овој контекст – како можно балансирање на десниот курс на Мерц и сигнал за стабилност. Иако функцијата на сојузниот претседател е претежно церемонијална, таа има силно морално и политичко влијание.

Германскиот сојузен претседател не се избира директно од граѓаните, туку од специјално тело наречено Бундесферамлунг, составено од пратениците во Бундестагот и ист број претставници именувани од покраинските парламенти. За избор е потребно апсолутно мнозинство во првите два круга, а потоа доволно е и релативно мнозинство.

Меркел би можела да добие поддршка од опозициските Зелени и СПД, доколку тие решат да поддржат кандидат надвор од актуелната парламентарна коалиција. Од ЦДУ, пак, се размислува и за други имиња, меѓу кои се споменуваат Јулија Клекнер (претседателка на Бундестагот) и министерката за образование Карин Прин – блиски до Мерц.

Од мигрантската криза во 2015 година до справувањето со должничката криза во еврозоната, Меркел остави длабока трага во германската и европската политика. Нејзиниот центристички стил доби силна поддршка кај либералните кругови, но и предизвика реакции кои придонесоа за подемот на десничарската Алтернатива за Германија (АФД).

Иако се работи за шпекулација, можноста Ангела Меркел повторно да се појави на политичката сцена, дури и во симболична улога, покажува колку нејзиното влијание сè уште е присутно – и колку актуелните политички односи во Берлин и натаму се дефинираат преку нејзиното политичко наследство.

Тековен сојузен претседател е социјалдемократот Франк-Валтер Штајнмаер, кој ја извршува функцијата од 2017 година. Неговиот мандат завршува во 20027 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation