Топ Вести - Слушај сега
Откако норвешкиот биатлонец Штурла Холм Лагреид (28), бронзен медалист на Олимписките игри во 2026 година, пред камерите призна дека ја изневерил својата девојка и со солзи побарал прошка, јавноста со нетрпение го очекуваше одговорот од другата страна.
– Постои некој со кој сакав да го споделам ова, а најверојатно тој не го гледа ова. Пред шест месеци ја запознав љубовта на својот живот, а пред три месеци направив голема грешка и ја изневерив. Бев неверен и морав да ѝ ја кажам вистината. Тоа ми беше најтешката недела во животот – рече Лагреид.
По шест месеци врска, девојката не му даде втора шанса. Во писмо до норвешкиот весник VG, таа напиша: „Дури и по изјава за љубов пред целиот свет, тешко е да се прости. Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и ме боли што морам да бидам во неа. Во меѓувреме имавме контакт и тој знае што мислам за ова.“
Таа додаде дека е благодарна на своето семејство и пријателите кои ја поддржувале во овој тежок период, како и на сите кои ѝ мислеле добро, без да ја откријат.
По објавата на писмото, VG го контактираше Лагреид за коментар, но олимпискиот медалист одби да се изјасни, пренесува „Дејли Меил“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
