Background

Канцеларот на Германија се соочува со рекордно ниска популарност

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Популарноста на германскиот канцелар Фридрих Мерко (70), која е во тренд на опаѓање откако ја презеде највисоката функција во Германија, сега веќе е во слободен пад.

- Advertisement -
Ad image

Според анкетата од февруари на Институтот Инса, само 23 проценти од испитаниците се задоволни од неговата работа, а некои други, иако помалку веродостојни анкети забележуваат дека Мерк има 20, односно само 16 проценти поддршка за повторна кандидатура. Овие проценти им создаваат главоболки на канцеларот и неговиот тим, особено имајќи предвид дека следната година се одржуваат избори во неколку федерални покраини.

Незадоволство од ангажманот на Мерц како канцелар изразиле дури 67 проценти од испитаниците, што е зголемување од дури 5 проценти. Коментирајќи ги резултатите, директорот на Институтот Инса, Херман Бинкерт, оцени дека Мерц особено не успеал да ги убеди гласачите, дури и од неговиот демохристијански табор, во оправданоста на неговата политичка позиција.

– Бидејќи процентот што го освои Социјалдемократската партија (СПД) е стабилен на 16 проценти веќе некое време, ова укажува дека гласачите се ориентирани поблиску до конзервативната Демохристијанска унија, но се сè повеќе скептични кон работењето на владата и нејзиниот лидер – истакна Бинкерт.

Најновите анкети ги покажуваат и причините за падот на Мерц, а тоа се горливите прашања на германското општество, како што е функционирањето на пензискиот систем, кој учествуваше во целокупната лоша слика за канцеларот со 57 проценти. Исто така, исклучително болна точка за Германците се лошите услови за домување (48 проценти), потоа економските проблеми (46 проценти), миграцијата (43) и катастрофалниот недостаток на медицински сестри (40 проценти).

Германците позитивно гледаат на министерот за одбрана Борис Писториус, баварскиот премиер Маркус Зедер и копретседателката на АФД, Алис Вајдел. Според најновите анкети на јавното мислење, токму тие имаат примат во однос на популарноста и политичкиот ефект.

На прашањето на весникот „Билд ам Зонтаг“, кој треба да има најголемо влијание во домашната политика оваа година, тие три имиња беа најчесто споменувани од 26-те понудени кандидати. Писториус беше фаворизиран од 43 проценти, додека 37 проценти беа против него. Зедер доби 37 проценти одобрување и 49 проценти негативни оценки. Вајдел собра 35 проценти одобрување и 53 проценти противење.

Утешно е, до одреден степен, што Христијанско-демократската партија на Мерц и нејзината сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија имаат повисок рејтинг од канцеларот, околу 25 проценти. Сепак, за Унијата, која со месеци се бори со десничарските суверенисти од Алтернатива за Германија (АФД) за позицијата најсилна политичка сила во земјата, овие бројки се поразителни.

Според најновата изборна анкета од 7 февруари, АФД е на прво место со 26, додека демохристијаните се зад неа. Коалицискиот партнер на конзервативното дуо ЦДУ-ЦСУ, Социјалдемократската партија, има 16 проценти рејтинг, по што следат Зелените со 11 и Левицата со 10 проценти.

Според овие резултати, теоретската распределба на местата во Бундестагот би била 186 места за АФД и 179 за ЦДУ-ЦСУ. Социјалдемократите би имале 114 места, а Зелените 79, додека според моменталното расположение на граѓаните, Левицата би добила најмалку места, 72.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation