Background

Мелони на комеморација на егзодусот од Истра, Далмација и Јулиска Краина

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Италија не смее да се плаши од вистината за егзодусот на Италијанците од Далмација, Истра и Јулиска Краина порача денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателот Серџо Матареала на комеморација за жртвите.

- Advertisement -
Ad image

Според италијанската верзија, овие луѓе биле убиени или протерани од југословенските партизани под водство на Јосип Броз Тито за време и веднаш по Втората светска војна, објави АНСА.

Италија го одбележа Денот на сеќавање на жртвите од Фоибите и егзодусот од териториите на некогашна Југославија. Комеморации се одржаа низ целата земја, а централната церемонија беше во Долниот дом на парламентот во Рим.

„Денес е Ден на сеќавањето. Тоа е болна страница од нашата историја, со децении жртва на заговор на молчење, заборав и рамнодушност“, напиша Мелони на платформата Икс.

Италија го отвори прашањето во 2004 година

Таа нагласи дека стотици илјади Италијанци напуштиле сè за да не се откажат од сопствениот идентитет и дека нацијата не смее да се плаши од вистината.

„Сеќавањето не е горчина, туку правда“, порача премиерката, додавајќи дека колективното паметење ја зајакнува националната заедница и го отвора патот за идните генерации.

Италија почна официјално да го одбележува Денот на сеќавањето дури во 2004 година, по децении во кои темата беше туркана на маргините од јавниот дискурс, најчесто под изговор на антифашистичката традиција.

Фоибите како отворена историска рана

Фоибите, карстни јами на подрачјето на Истра и североисточна Италија, се места на масовно страдање на цивилни и воени жртви од крајот на војната. Италијански извори наведуваат дека југословенските комунисти, кои го окупирале Истарскиот полуостров во последните две години од конфликтот, мачеле или убиле до 15.000 Италијанци. Точниот број останува непознат, делумно поради уништени локални архиви.

Хрватски и словенечки извори нудат пониски проценки, од неколку стотици до околу 5.000 жртви, што ја прави темата една од најконтроверзните точки во регионалната историографија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation