Топ Вести - Слушај сега
Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд ја забележа најголемата победа во својата кариера, освојувајќи го златото во дисциплината ски-скокови на нормална скокалница. За Рајмунд ова е прва победа на големо меѓународно натпреварување, но успехот добива уште поголема тежина поради еден неверојатен детал, тој со години се бори со страв од висина.
Парадоксално, човекот кој лета десетици метри над земја отворено призна дека токму висината му претставува најголем психолошки предизвик. Рајмунд и претходно зборуваше за својата состојба, објаснувајќи дека научил да го контролира стравот, но не секогаш успева да го надмине.
Минатата година, токму поради психолошкиот притисок, германскиот ски-скокач се повлече од натпреварување и не настапи, што тогаш предизвика бројни реакции во спортската јавност.
– Многумина ме прашуваат зошто не скокам, но некои веќе знаат, имам страв од висина. Тоа е причината – изјави тогаш Рајмунд.
Овојпат, на Зимските олимписки игри, сè изгледаше поинаку. Рајмунд пристигна целосно фокусиран и психолошки стабилен, што се одрази и на неговите скокови. Со мирна глава и сигурни обиди, тој успеа да ги надмине фаворитите и да се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Неговата победа веќе се опишува како една од најинспиративните спортски приказни на Игрите, доказ дека и најголемите стравови можат да се победат кога волјата е посилна од сомнежот.
Tagged as:
Ски-скокачот Филип Рајмунд и покрај стравот стана олимписки шампион
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
