Background

Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија.
И после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори:
Како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница?
Кој ќе одговара?
Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка.
Затоа што е јасно, без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции – ваква шверцерска операција на дрога не била возможна.
Во медиумите беа објавени информации дека камионите што ја превезувале дрогата биле пломбирани. Ако е ова точно, се отвораат и нови аспекти за тоа кој се вмешан.
Секоја стока што преминува преку граница мора да биде тарифирана согласно тарифни броеви.
Ако на овој начин била пренесена дрогата, биле ставени други тарифни броеви што води до заклучок дека станува збор за организирана група, директно поврзана со повеќе институции.
Ова е скандал од огромни размери, кој директно го разоткрива длабокиот криминал на владата предводена од ВМРО и премиерот Христијан Мицкоски.
И мора целосно да биде расчистен.
Според неофицијални информации објавени во српските медиуми, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога – ДЕА.
Очајните обиди со медиумска кампања да се дефокусира вниманието на граѓаните од овој скандал нема да поминат.
СДСМ бара итна, независна и транспарентна истрага за целосно расчистување на скандалот која ќе ги даде одговорите:
Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку македонската граница?
Дали лицето Симе, кое јавноста го виде на фотографии со Мицкоски, е дел од оваа мрежа?
Ова нема лесно да заврши.
Вистината ќе излезе на виделина, а одговорност ќе има – за сите, без исклучок.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation