Background

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираше попладнево Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата, во соработка со Министерството за одбрана.

- Advertisement -
Ad image

Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени дома, а освен двајцата кај кои е дијагностицирана шуга, останатите војници во понеделник треба да се вратат во касарната во Велес.

Од Армијата информираат дека во соработка со Воено-медицинскиот центар се преземени сите потребни мерки за спречување на евентуално ширење на заболувањето, како и дека е спроведен епидемиолошки надзор и се постапува согласно препораките на стручните лица.

„Армијата континуирано презема соодветни превентивни и противепидемиски мерки за заштита на здравјето на персоналот. Дополнително, ве информираме дека сместувањето на војниците е регулирано согласно Правилото за сместување и ред во Армијата. Пред почетокот на обуката се обезбедени соодветни услови за сместување, престој и за работа, во согласност со армиските стандарди. Пред сместувањето на персоналот е извршена комплетна дезинфекција на просториите, а на користење се дадени чисти и испрани постелнини и ќебиња“, се наведува во соопштението.

Од Армијата појаснуваат дека капењето на војниците е организирано и се спроведува плански и во соодветни услови.

„Во изминатиот период во Армијата беа реализирани повеќе активности со значителен број ангажирани припадници. Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес беше реализиран прием и сместување на повеќе класи на новопримени професионални војници, со бројка поголема од 300 лица, како и најголемата ситуациска вежба SEVEN STARS2025”, со учество на над 150 национални и странски претставници. На ниво на Армијата, беше реализирана и вежбата „Immediate Response 25“ на армискиот полигон Криволак, каде во теренски услови беа сместени над 2.200 припадници од Армијата и странски вооружени сили“, се наведува во соопштението од Армијата.

Од Армијата потенцираат дека во ниту еден од наведените случаи и покрај големиот број на ангажирани лица, не била евидентирана појава на ваков тип на заболување.

Од Министерството за одбрана велат дека постапуваат согласно барањата на Армијата и дека за конкретниот случај ќе се преземат мерки според насоките на Воено-медицинскиот центар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖