Background

Командир сведочи дека во хидрантот во „Пулс“ немало вентил

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Командирот на противпожарната едница во Кочани, Драган Апостолов, на денешното судење за „Пулс“ рече дека ноќта на кобниот настан бил дома кога добил телефонски повик во 2.47 часот за пожар во дискотеката по што ги известил и ги повикал сите команданти на смена, а побарал и помош од противпожарните единици од Виница, Штип, Свети Николе и од Пробиштип за да помогнат во гаснењето на пожарот.

- Advertisement -
Ad image

Целата опрема и вработените од ТППЕ Кочани биле ангажирани и излезени на терен – девет возила, од кои пет теренски и навални возила и три џипа со помала носивост на вода, како и едно командно возило „лада нива“.

– По пристигнувањето во 2.55 часот, веднаш се упатив во објектот. Од влезната врата само излегуваше чад. Огнот беше распламтен внатре, гореа плафонот, шанкот и бината. Имаше многу деца што бараа помош. Со опрема и со кислород влегов внатре во објектот, каде што веќе имаше колеги кои почнале да извлекуваат лица. Некои од колегите истовремено извлекуваа, а другите со вода го потиснувавме огнот. Јас со млазот вода влегов внатре и правев лепеза од вода за да се намали температурата, да не нè пеплоса огнот сите, додека другите извлекуваа лица – изјави појасни Апостолов.

Најмногу повредени и починати лица имало во ходникот пред влезната врата, кој, како што посочи, не бил поголем од три-четири метри. Од ходникот десно била билетарата, а лево тоалетот.

– Живите ги изнесувавме надвор до црвениот тепих по што ги преземаа други, кои веројатно ги носеле во болница. За надвор не знам, цело време бев внатре – рече Апостолов.

Внатре во дискотеката било зачадено и многу топло. Тој иако носел заштитна опрема и не се допрел до огнот, добил изгореници и пликови на рацете и на главата.

– Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче со хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени ПП апарати од девет килограми – рече сведокот.

Интервенцијата завршила околу 4 – 4:30 часот кога пожарот бил локализиран.

– По локализирање, побарав дозвола од Јавен обвинител да извршиме пребарување за останати лица. По пребарувањето извлековме уште три изгорени тела. Други не најдовме – изјави Апостолов.

Гаснењето на пожарот, како што појасни сведокот, било од две страни, внатре преку главната врата, како и од задната врата.

– Мој колега веќе од таа врата дејствуваше и го гаснеше огнот. Дали била отворена или претходно разбивана не знам – изјави Апостолов, нагласувајќи дека пред вратата немало ниту повредени, ниту изгорени и дека целото збиднување било пред главната врата.

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани уште четворица сведоци.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation