Background

Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се стекна со Ниво 2-Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се стекна со Ниво 2-Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, соопшти ТАВ.

- Advertisement -
Ad image

Акредитација за управување со емисии на јаглерод дава Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council InternationalACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA), а како резултат на  активностите преземени во процесот за намалување на емисиите на јаглерод во работењето на аеродромот.

Акредитацијата-Ниво 2 за Охридскиот аеродром директно покажува дека аеродромот не само што го разбира своето јаглеродно влијание, туку и имплементирал ефикасни стратегии за активно намалување.

Ова значи дека аеродромот во Охрид воспоставил јасни и мерливи цели за намалување на емисиите (опсег 1 и 2), кои вклучуваат емисии од потрошувачката на енергија на самиот аеродром, греење, ладење и возилата во сопственост на аеродромот.

Клучните иницијативи што придонесуваат за постигнување на ова ниво се – транзиција на возниот парк, зголемување на уделот на опрема за копнена поддршка на батериски или хибриден погон, оптимизација на потрошувачката на енергија, користење обновливи извори на енергија и инвестирање во инфраструктура за полнење на електрични возила (EV), унапредување на управувањето со отпад, програми за ефикасно користење на водата, обуки на персоналот и иницијативи за подигање на свеста со цел вградување на одржливоста во секојдневното работење, како и формирање Комитет за одржливост за надзор и управување со еколошките ризици и обезбедување дека намалувањето на јаглеродните емисии останува стратешки приоритет.

Постојат 7 нивоа на сертификација на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод: „Ниво 1“, „Ниво 2“, „Ниво 3“, „Ниво 3+“, „Ниво 4“, „Ниво 4+“ и „Ниво 5“.

Обврска е аеродромите да постигнувате јаглеродна неутралност до 2030 година и нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година.

Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствената институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат своите емисии на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди.

Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) е глобална трговска организација која ги претставува аеродромите низ светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и одржливоста во воздухопловството.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation